Image by Allexxandar on Freepik

03.11.2023 Скопје

Документот објавен утрово открива дека премиерот на Ирак, Мохамед Шија ал Судани, им наредил на вооружените сили да усвојат „одбранбени мерки“ во случај конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас да се прошири во целиот регион.

Документот содржи директиви како што се распоредување тенкови и воена флота, организација на транспортна мрежа и заштита на складишта за оружје и муниција. Понатаму, во текстот се вклучени упатства упатени до ирачките разузнавачи, особено во однос на системите за надзор.

Во меѓувреме, утринава, милициите на Исламскиот отпор во Ирак (коалиција на проирански ирачки шиитски вооружени формации) објавија во соопштение дека конфликтот во Појасот Газа е пред влез во „нова фаза од судирот со непријателот“, што вклучува „посилна и пообемна поддршка“ за движењето Хамас.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author