02.11.2023 Скопје
Докторот Никола Тодоровиќ, кој беше осуден на затворска казна во Косовска Митровица под обвинение дека во април нападнал полицаец на преминот Јариње, е ослободен, потврди неговиот адвокат Милош Делевиќ.
„Тодоровиќ првично беше осуден на 10 месеци затвор, но Апелациониот суд му ја намали казната за три месеци, па денеска по седум месеци беше ослободен“, изјави Делевиќ, кој беше ангажиран од Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија.
Делевиќ додаде дека најважно е што случајот е завршен и Тодоровиќ е на слобода.
„Најважно е што е со семејството“, изјави Делевиќ.
Никола Тодоровиќ, специјалист по радиологија од Белград, беше уапсен на 8 април на административниот премин Јариње поради наводен напад на полицаец.
Подготвено од А.Ѓ.