16.11.2023 Скопје
Подрачјето на Европа е претежно потопло во споредба со претходните години. Од друга страна, постуден тренд е присутен во САД, додека во Канада е натпросечно топло за овој период од годината.
Според научниците, виновникот е Ел Нињо, придружен со промените на источните ветрови во два појаси околу Земјата меѓу суптропските и екваторијалните области со висок притисок, во кои преовладуваат источни ветрови.
Според долгорочна прогноза на „Сивир ведр Јуроп“, токму Ел Нињо ќе ја диктира прогнозата за оваа зима.
Според моменталните услови, снегот ќе падне под просекот во Европа, освен во делови од Скандинавија и алпскиот регион. Ова ја одразува доминантната западна шема, која носи повеќе влага и помалку студ од северниот дел на Атлантскиот Океан. Освен тоа, се очекува Европа да има повисоки температури од просечните во поголемиот дел од западните и централните делови на континентот.
Топлите аномалии се концентрирани во голем дел од Европа. Пониски температури ќе бидат поизразени во северните и североисточните делови на континентот.
Над Северна Америка се прогнозираат снежни врнежи, а моделите предвидуваат повеќе снежни врнежи од вообичаено во поголемиот дел од континентот.
Подготвено од А.Ѓ.