begalci so beli znaminja

08.11.2023 Скопје

Израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху најави дека нема да има прекин на огнот или испорака на гориво во Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски затвореници.

Од друга страна, американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа.

Израелскиот парламент на Кнесет денеска усвои закон со кој гледањето терористички содржини е казниво.

Законот забранува поединци да гледаат терористичка содржина, под услов содржината што се гледа да означува дека поединецот се идентификува со назначените терористички организации споменати во израелскиот закон, особено Хамас и Исламската држава.

Казната за ова дело е 12 месеци затвор.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека 10.569 луѓе загинале на палестинската територија под контрола на Хамас од почетокот на израелското бомбардирање на 7 октомври, кога изби последната војна.

Меѓу загинатите има 4.324 деца и 2.823 жени, соопшти денеска Министерството.

Повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел на првиот ден од војната, а над 240 беа заробени и земени како заложници во Појасот Газа.

Досега, четири жени беа ослободени од Хамас, а една беше ослободена во копнена израелска воена операција која започна на 27 октомври.

Бројот на палестински цивили кои бегаат од борбената зона во северниот дел на Газа е зголемен бидејќи таму се интензивира воздушната и копнената кампања на Израел.

Најмалку 10.569 Палестинци, меѓу кои 4.324 деца и 2.823 жени, загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Министерството за здравство во Појасот Газа.

Конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас започна на 7 октомври, откако Хамас изврши ракетен напад, а потоа и копнен упад во Израел, при што загинаа околу 1.400 Израелци и зедоа повеќе од 240 заложници во Појасот Газа.

Израел одговори со силни воздушни напади и блокада на Појасот Газа, а потоа копнените единици на израелската армија влегоа во палестинската енклава.

И денеска илјадници луѓе со бели знамиња го преминаа коридорот за евакуација и тргнаа кон југот на Газа.

Подготвено од М.Д.

About Author