09.11.2023 Скопје
„Autoscout24“, еден од најголемите европски интернет портали специјализирани за рекламирање на половни автомобили, објави дека трендот на намалување на цените на половните возила продолжува и покрај тоа што и нивната понуда е во опаѓање.
Така, според нивниот AGPI индекс, просечната цена на половно возило е 27.635 евра, што е за еден процент помалку од претходниот месец. Од друга страна, просечната цена на електричните возила благо порасна – за 1,2 отсто, но побарувачката за нив е дури за 16 отсто помала од минатиот месец.
Овој пад на цената на половните автомобили, иако релативно мал, е уште поважен бидејќи се случи наесен, кога вообичаено има многу сообраќај во трговијата со возила, по летното затишје.
Инаку, најголем пад на цените е забележан во категоријата луксузни возила, а најмногу поскапеа многу млади и екстремно стари возила.
Треба да се нагласи дека ова е седми месец по ред како паѓаат цените на половните возила, по кулминацијата што се случи во март годинава. Во тој период, индексот АГПИ падна од 29.180 евра на веќе споменатите 27.635, што е помалку за значителни 5,3 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.