pakistan uvoz nafta od rusija

22.11.2023 Скопје

Цените на нафтата денеска се тргуваат во тесен опсег за време на тивкиот трговски период пред американскиот празник Денот на благодарноста, додека пазарот ги чека вестите за намалување на производството од групата ОПЕК плус производители и потврда за силен пораст на залихите на сурова нафта во САД.

Цената на барел нафта „брент“ се зголеми за 0,17 отсто, на 82,59 долари, а барел американска сурова нафта за 13 центи, на 77,90 долари.

Двата одредници се во пад веќе четири недели по ред, а цените дополнително ослабнаа минатата недела поради зголемената загриженост за побарувачката.

Инвеститорите остануваат внимателни пред состанокот на ОПЕК Плус закажан за недела, 26 ноември, кога групата производители би можела да разговара за понатамошно намалување на понудата поради забавувањето на глобалниот економски раст.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author