hrana vo eu

02.11.2023 Скопје

По значителниот скок во 2022 година, цените на храната во ЕУ продолжуваат да растат оваа година, а маслиновото масло во септември беше поскапо за 75 отсто отколку во јануари 2021 година.

Според Евростат, податоците за вториот и третиот квартал покажуваат дека цените на јајцата, путерот и компирот во ЕУ растат нешто побавно од претходно, додека цената на маслиновото масло постојано расте.

Компирите поскапеле за 53 отсто од јануари 2021 до септември годинава, а пикот е забележан во јуни, кога цените на оваа храна биле за 60 отсто повисоки во однос на првиот месец од 2021 година.

Во септември јајцата беа за 37 отсто поскапи отколку во јануари 2021 година. Нивната цена се стабилизира во првите два квартали од 2023 година, а одредено намалување е забележано во август и септември.

Цените на путерот се развија на сличен начин. Врвот на растот беше во декември 2022 година, кога цените беа за 44 отсто повисоки од јануари 2021 година, оттогаш тие постепено се забавуваат.

Во септември путерот беше поскап за 27 отсто од почетокот на 2021 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author