https://www.flickr.com/photos/thekidwhocriedwolf/6860173895/in/photolist-bsdbGg-MVgvxv-5tJ6fT-9cxBF2-rB7Yyy-pNBHMx-s792K9-aUyy8H-a9HymZ-7iWNP4-7wCCXD-opNYwS-eDDHmb-scEGVY-4pKfyJ-2Mjiu3-bm9ibB-bs9UEL-jqzg36-ajUQ9p-d92719-9wEjR6-7Deosi-3d6TZc-xCzWK-xEEo3u-25eat4E-MTdhTv-TVoaoL-qy11V7-eDxzJr-YiynDY-23zg5K-cZbuzN-eDxAvB-BS2DBq-B15t6Q-2bLxg9u-Ec65dx-GVHsn7-syb7Kb-bMiq3e-fJXPMa-28mPxg7-2drKFYW-zZFodC-oTGjTp-7b6SvF-buvhPN-P1h9UW

16.11.2023 Скопје

Во текот на утрешниот ден, српскиот министер за градежништво, транспор и инфраструктура Горан Весиќ најави дека заедно со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје.

За овој проект, двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ.

Во изјава за белградските медиуми, Весиќ нагласи дека е особено горд на овој Меморандум.

„Во тек е проектирањето на делницата Ниш-Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат ‘своите’ 50 километри од границата до Скопје“, изјави Горан Весиќ.

Подготвено од М.Д.

About Author