23.11.2023 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ треба да се подготви сама да се справи со конфликтот во Украина, бидејќи САД наскоро би можеле да излезат од целата таа ситуација.
„Ако на власт дојдат повеќе скептични републиканци, тогаш, сосема веројатно, Европа ќе мора сама да се справи со огромен геополитички конфликт, да најде речиси невозможно политичко решение за проблемот и да ги сноси сите трошоци“, рече Орбан за време на посетата на Цирих.
Унгарскиот премиер смета дека доколку американската Републиканска партија победи на претседателските и конгресните избори во САД во 2024 година, американската политика „нагло ќе го промени курсот“.
Орбан нагласи и дека Европа е осиромашена и дека нема пари за „таква криза“.
Премиерот на Унгарија оцени дека ЕУ нема да може да го реши конфликтот во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.