https://www.flickr.com/photos/162056350@N04/49398916328/in/photolist-2m71E9M-2igdmMW

29.11.2023 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека на средбата во Брисел шефовите на дипломатиите на членките на НАТО имале важна размена на мислења за состојбите на Балканот.

„Ги информирав шефовите на дипломатиите за напредокот на дијалогот инициран од ЕУ. Потребен е напредок на учесниците во дијалогот“, напиша Борел на социјалната мрежа „Икс“.

Тој, исто така, укажа на важноста БиХ да го искористи моментот за одлучувачки напредок на патот кон членството во ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author