https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg/800px-Questions_and_Answers_with_EU_Foreign_Policy_Chief_Josep_Borrell_%2852359673274%29.jpg

15.11.2023 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, очекува Унгарија да се откаже од блокадата на осмата транша од 500 милиони евра воена помош за Украина.

„Унгарските власти ни објаснија дека ќе се одржи нов состанок со Украинците за да се обиде да ја деблокира исплатата на осмата транша. Мислам дека постои можност и се надевам дека на крајот помошта ќе биде деблокирана. Друго решение не е опција“, рече Борел.

Борел на прес-конференција по состанокот на шефовите на европската дипломатија и министрите за одбрана изјави дека на ЕУ и треба едногласност за прашањето за финансирање на Украина.

Тој посочи дека ЕУ се надева дека ќе се постигне договор за дополнителни 20 милијарди помош за Украина во следните четири години.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто вчера изјави дека Будимпешта одбила да и одобри трансфер од 500 милиони евра на Украина од Европскиот мировен фонд поради немањето гаранции од Киев дека компаниите од таа земја нема да бидат на списокот на земји „спонзори на војната“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author