11.11.2023 Скопје
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа изјави дека операциите во болницата Ал Шифа, најголемата во енклавата, се прекинати денеска откако комплексот останал без гориво.
„Како резултат на тоа, едно новороденче почина во инкубаторот, каде што има 45 бебиња“, изјави Ашраф Ал Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.
Светската здравствена организација претходно објави дека 20 болници во Газа сега не се во функција и дека вчера била бомбардирана најголемата болница во Појасот Газа.
Израелската армија негираше дека цели на болници.
Лекарите без граници објавија на Твитер дека во овој момент не можат да контактираат со ниту еден од вработените во болницата Ал Шифа.
„Крајно сме загрижени за безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. Пациентите се уште се во болница, некои се во критична состојба и не можат да се движат, во установата се уште има згрижувачи“, се наведува во соопштението.
Оваа организација го повтори својот итен апел да се запрат нападите врз болниците и да се заштитат здравствените установи, медицинскиот персонал и пациентите.
Подготвено од А.Ѓ.