29.11.2023 Скопје
Ослободен е Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.
Како што се наведува, причината е неговата лоша здравствена состојба. Имено, Кривичниот суд му ги разгледал лекарските извештаи, поради што одлучил да го ослободи од затвор.
Зборуваше и неговиот адвокат. „Во однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за укинување на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Иако оваа одлука доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, направена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежен јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ.
Инаку, Бојан имаше многу тешка операција, на која му беа извадени 90 отсто од стомакот. Јовановски имаше само 15% шанси за опстанок.
Тогаш проговорил еден од хирурзите кои ја извршиле операцијата. Тој посочи дека пациентите со вакви операции мора да имаат строга диета, да јадат 10 пати на ден со многу мали количини мешана храна и да бидат на постојана терапија.
Да потсетиме, Бојан е во затворот „Идризово“, бидејќи за случајот „Рекет“ е осуден на девет години затвор.
Подготвено од М.Д.