27.11.2023 Скопје
Утре на седницата на Владата се очекува да бидат усвоени антикризните мерки.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека со нив ќе бидат опфатени над 400.000 граѓани, пензионери, студенти, самохрани родители.
Во врска со тоа колку компании ќе бидат блокирани поради неплаќање на солидарниот данок, минитерот Битиќи истакна дека според последните податоци, тој број е мал и е под 20, потенцирајќи дека уште не се блокирани сите компании и секојдневно се менува бројот.
„Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки, кои очекуваме веќе утре да бидат на седница на Владата и се насочени кон најранливите категории граѓани, овде спаѓа најголемата група граѓани, а одреден надоместок наредните неколку месеци ќе добијат ученици, студенти, самохрани родители итн., буквално најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем. Над 400.000 граѓани ќе бидат опфатени со мерките и за тоа се користат средствата од солидарниот данок“, потенцира Битиќи.
Подготвено од М.Д.