https://www.flickr.com/photos/66625604@N07/7909214748/in/photolist-d3UMZw-Cu2eko-q3mdr3-qfTbv8-dD4Hb6-dPYLDv-dPLyyj-QivRTs-dPKiPj-dPEbUg-dPKNJY-23Nhdd1-dPXW8Z-dPLicU-BX9Vi9-NyAWnF-DzwBar-aAHR1s-K5nazj-2jhvYNj-2h21p5S-6BobUH-2gNPYiD-4SbNpm-2gw7tsG-dPEV4z-dPLzQ9-dPLzRm-dPE6SZ-FH9sMw-22umF9r-22tKPd2-22tPk3r-22LUEQ9-dPEn3T-22LsnBo-22NyEiA-2jZndcu-TxR99u-2fayLVi-akSadp-zQVf9-rRBEFL-qJYDPx-DMwGbm-Wy3k3Y-CSsD9x-4wheGF-CSkG9L-Qprn94

22.11.2023 Скопје

Министерството за надворешни работи на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, со која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на државното знаме на Србија на централниот плоштад Скендербег во Тирана.

Од Министерството посочија дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокиот степен во нивната заедничка историја.

Министерството за надворешни работи на Србија, во овој дух, очекува надлежните институции на Албанија да направат се што е во нивна моќ за да ги идентификуваат и гонат сторителите на овој грозоморен чин, кои се јасно видливи на објавеното видео, како и дека тие за тоа дипломатски ќе зборуваат во разумен рок.

На 20 ноември на социјалните мрежи се појави видео од палењето на српското знаме на плоштадот Скендербег во Тирана, со натпис „Навивачите го палат српското знаме на плоштадот Скендербег“.

Подготвено од М.Д.

About Author