30.11.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела дека е загрижен за можна израелска воена операција во јужниот дел на Газа по завршувањето на сегашното затишје во борбите, изјавија двајца американски претставници.
Администрацијата на Бајден е крајно загрижена дека израелската операција во јужниот дел на Појасот Газа, каде што се концентрирани два милиони Палестинци, ќе доведе до значително поголеми цивилни жртви и ќе ја продлабочи хуманитарната криза во енклавата, изјавија официјални лица.
Нетанјаху му рекол на Бајден дека операцијата на југот е неопходна за да се постигне целта на Израел да го уништи Хамас и дека израелската јавност нема да прифати сега да се прекине воената операција, изјавија двајца американски и израелски официјални лица.
Бајден во повикот рече дека сака САД и Израел да имаат повеќе дискусии за оперативните планови на израелската војска за јужниот дел на Газа пред секоја таква операција. Еден од американските официјални лица изјави дека Нетанјаху се согласил на ова.
Во моментов се водат преговори за можно второ продолжување на паузата во борбите во Газа.
Подготвено од А.Ѓ.