16.11.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека сè уште верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг е диктатор.
„Тој е диктатор во смисла дека тој е типот што води земја која е комунистичка земја заснована на форма на влада која е сосема поинаква од нашата“, изјави Бајден по четиричасовниот разговор со кинескиот претседател во Сан Франциско.
За време на средбата, двајцата лидери се согласија дека САД и Кина ќе ја продолжат комуникацијата на ниво на двете војски и ќе соработуваат во борбата против трговијата со дрога.
Американскиот претседател оцени дека успехот на средбата е тоа што претседателот на Кина и тој „едноставно разговарале, биле отворени еден кон друг, така што немало недоразбирања“.
Подготвено од А.Ѓ.