granica kanada i amerika

23.11.2023 Скопје

Американските власти објавија видео од возилото неколку моменти пред да експлодира на мостот „Виножито“ на границата меѓу САД и Канада, на кое се гледа како автомобилот забрзува, удира во тротоарот, а потоа лета низ воздухот и удира во кабината на границата.

Воодушевувачкото видео е објавено на социјалните мрежи на Царината и граничната заштита на САД неколку часа по инцидентот во кој две лица загинаа во автомобил, а еден граничен службеник се здоби со полесни повреди.

На снимката на неколку метри од штандовите на границата се гледа бел автомобил како оди со голема брзина. Возилото потоа удира во тротоарот и оди во воздух и се превртува во воздух пред да се урне.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, синоќа ја нарече снимката апсолутно надреална и рече дека во овој момент нема индикации дека експлозијата на границата меѓу САД и Канада е терористички напад.

„Возилото изгоре, остана само моторот“, изјави Хочул на прес-конференцијата.

За видеото од несреќата за кое вели дека изгледа како да е „генерирана од вештачка интелигенција“.

„Ќе се воодушевите кога ќе го видите видеото“, додаде таа.

Таа изјави дека надлежните се уште не знаат дали возачот на автомобилот свесно го предизвикал инцидентот или се работи за несреќен случај.

Американските медиуми претходно објавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил на мостот Виножито, во близина на Нијагарините водопади, кои ги поврзуваат САД и Канада.

Во синоќешното соопштение, Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека ја завршило истрагата на местото на настанот и дека не пронашле експлозивни материјали. ФБИ додаде дека „не е идентификувана никаква поврзаност со тероризмот“.

„Случајот е предаден на полицискиот оддел на Нијагарините водопади заради сообраќајна истрага“, соопшти агенцијата.

Мостот Виножито останува затворен додека се истражува инцидентот. Останатите три гранични премини вчера доцна попладне беа отворени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author