27.11.2023 Скопје
Од Јавното сообраќајно претпријатие денеска соопштија дека автобусите во четврток, кога ќе се одржи Министерскиот совет на ОБСЕ, ќе возат по саботен возен ред, а жичарницата ќе функционира вообичаено.
Додека пак, во среда, јавниот превоз ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред.
Сите билетарниците и центри за персонализација во среда ќе работат од 6:30 до 13 часот, а во четврток нема да работат воопшто.
Подготвено од М.Д.