29.11.2023 Скопје
На 1 декември Австрија воведува еднодневна вињета за автопати и експресни патишта.
Ќе чини 8,60 евра, а ќе биде достапна само во електронска форма.
За возење 2.249 километри австриски автопати, достапна е 10-дневна вињета која сега ќе чини 11,5 евра, двомесечна вињета 28,9 евра и годишна вињета 96,4 евра, која за разлика од Словенија важи од 1 декември до 31 јануари (14 месеци), без разлика во кој месец возачот го купува.
Новина за оваа година е еднодневната вињета која ќе чини 8,6 евра за автомобили и 3,4 евра за мотоцикли.
При купувањето потребно е да се наведе државата во која е регистриран автомобилот, регистарскиот број и денот за кој возачот сака да ја користи дневната вињета, стои на веб-страницата на австриската инфраструктурна компанија ASFINAG.
Возачите можат да купат вињети на повеќе од 6.000 локации низ земјата, вклучително и бензински пумпи, киосци, авто-мото клубови и патарини ASFINAG.
Подготвено од А.Ѓ.