osprej avion sad

29.11.2023 Скопје

Американски воен авион „Osprey“ денеска се урна кај брегот на јапонскиот остров Јакушима во јужната префектура Кагошима, со осум лица, соопшти портпаролот на јапонската крајбрежна стража.

Крајбрежната стража добила информација за несреќата околу 14:47 часот по локално време, рече портпаролот, додавајќи дека 10-тиот регионален штаб на крајбрежната стража испратил патролен брод и авион во областа на несреќата. Портпаролот рече дека се уште нема информации дали има повредени.

Тоа е најновата фатална несреќа во која учествуваше воен авион Osprey, со неколку пријавени во текот на годините. Во август оваа година, тројца американски маринци загинаа, а неколкумина беа тешко повредени откако нивниот Osprey се урна за време на воени вежби во Австралија, а во 2022 година, пет американски маринци загинаа откако се урна за време на мисија за обука во близина на Гламис во Калифорнија.

Истата година, четворица американски војници загинаа кога авион од тој тип се урна за време на вежба на НАТО во Норвешка.

„Osprey“ е многу флексибилен авион кој може да полетува вертикално како хеликоптер, но и да ги изведе високите брзини на крстарење на поконвенционален турбопроплив авион со крила. Генерално е безбедно да се лета, но авионот има историја на механички и оперативни проблеми од неговото основање во 1980-тите, според воениот аналитичар и пензиониран полковник на воздухопловните сили на САД, Седрик Лејтон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author