sad amerika

13.11.2023 Скопје

Претседателските избори во САД следната година, на кои Џо Бајден, актуелниот претседател и Доналд Трамп, неговиот ривал кој сè уште не го признава Бајден за претседател, повторно ќе ги вкрстат копјата, би можеле да имаат нов потенцијален ривал.

Имено, на американските избори секогаш се натпреваруваат независни кандидати, но овојпат независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор би можел да им ги вознемири сметките на двајцата главни кандидати, бидејќи како независен кандидат исклучително добро котира.

Во една анализа се истакнува дека на Кенеди му оди подобро од кој било независен кандидат кој се кандидирал во изминатите неколку децении.

Според некои истражувања на јавното мислење, Кенеди моментално има поддршка од 22 отсто од гласачите, а последниот независен кандидат кој имал повеќе од 20 отсто поддршка една година пред изборите бил Рос Перот во 1992 година, кој освоил 19 отсто на гласот.

Истражувањето на колеџот Сиена покажа дека Кенеди Јуниор има поддршка од најмалку 25 отсто од гласачите во клучните сојузни држави каде Бајден го победи Трамп во 2020 година – Џорџија, Аризона, Висконсин, Пенсилванија, Невада и Мичиген.

Кенеди најверојатно нема да биде новиот претседател, но се посочува дека неговиот резултат ќе биде важен бидејќи би можел значително да влијае на исходот.

Во него се додава дека вреди да се зборува за независните и кандидатите од помалите партии, бидејќи е многу поверојатно од порано да земат голем дел од гласовите од најголемите партии – Демократската и Републиканската – од кои многу Американци се разочарани.

„Ако политичките аналитичари не го земат предвид фактот дека некој како Кенеди добива повеќе од 20 отсто во некои анкети, можеби нема да им биде јасно што би можело да се случи во 2024 година“, се вели во анализата.

Тим Скот, републикански сенатор од Јужна Каролина, се откажа од претседателската трка во 2024 година набргу откако јавно излезе за врската со неговата девојка по третата дебата на републиканците.

„Ја сакам Америка денес повеќе отколку на 22 мај. Но, кога ќе се вратам во Ајова, тоа нема да биде како претседателски кандидат. Ја прекинувам мојата кампања“, рече Скот. Детали за врската на Скот се појавија откако тој се соочи со критики дека е сингл – со некои инсинуации дека е геј.

Тој додаде дека идентитетот на девојката го чувал во тајност бидејќи не можел да замисли да ја внесе во кампања освен ако има намера да се ожени со неа.

Повеќе од половина од гласачите на прелиминарните избори на Републиканската партија во една анкета рекоа дека не слушнале ништо за кандидатурата на Скот една недела по започнувањето на неговата кампања. Спротивно на тоа, само 38 отсто од гласачите изјавиле дека слушнале нешто позитивно за кандидатот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author