02.11.2023 Скопје
Американската централна банка ја задржа каматната стапка на ниво од 5,25 отсто, што е највисока во изминатите 22 години, за да ги стабилизира цените.
Централната банка ги зголеми трошоците за задолжување со надеж дека тоа ќе ја забави инфлацијата.
Некои аналитичари сметаат дека задржувањето на каматната стапка на повисоко ниво ќе ја загрози американската економија, која може да влезе во рецесија.
Сепак, американската економија забележа подобар од очекуваниот раст од 4,9 отсто во периодот од јули до септември.
Во соопштението на Централната банка се нагласува дека одлуката за задржување на каматната стапка е донесена едногласно и дека финансиската институција е подготвена да ја прилагоди политиката во случај на ризик.
Подготвено од А.Ѓ.