https://www.facebook.com/photo/?fbid=3208921629326026&set=basw.Abqv8dwLKM_k7G0ZrnFaNUm2cx1A8Hd0vMtK5ODMJ0DXZtFqng582iksSklfEDChY5D65cCV3-5iR-RigxHATMutS3IDGSziAHj3RbqSTPy6-XWlnKJN0Mvo8EyxKuzmfgp7iLcqssJcerTLY7yXgC4vz8_mKMR5EhiqcJoTbL0MIhaZcFsNJBU11YHUPNQUQtudzwuY3OkzGIsJRYVdL2UFFowYuVMIM7Dy2mUbsy8ISI0d229Nv_o09Q-8CAnmiTGUrinCClL641F5R570LSqaSeKyNXIjObrqs0_ZgGdVCg&opaqueCursor=AbpYpfGmbFnuOrRRc6E690S77_UGHVeaD6MruZeu--p-Np3Q8yJTRdroKPo2LEhRlUXIEBRQ4cdeXOp4dzlDj-S7dQHQ3JTGTU4gfjNKyZqqPyEyxrE_B92kMknuaimWmN1ojj7QjZnryN0waPR98dXKNc3BliHY3FXsy9XURNJ_P0Yk4Wg2rRvfvOeDCVrQu6FyQ9j4frhD9rKx7t9gS2xMwTVUx9vAXGaDh06fcm43BqHePMM8IpBluuz9hg3HpYnvwWfqHoUrRO0fXAjUHcd6WNve5BbMTRxYKtHIZLsJc29rTPz9VVdUWaOq-ioC2B6pYBhxG6xVD_3pR_NbCcj2IAhQV4YIs-tT8JiTQzWGfCjuA8S0bE89x4DsIfenUjIWyJtZsnN6OTMhIq3ysYD9D4DARiqTnTejjbyPu5mW_JFHKG9Dv2AUHwZAwBD5ksvybLc7asAw5d0LJA6fcyinwlY6tUAwJyDiiGj5uJfgP8WXL3y4yt200YkchR8U8TQgOkS3IQGE7hnd8j7HwbGe0PeVFmQoW-jNh9BuXb85V1jIls1lH2gx5Flzxu-Y_xUuO_GBzrJJk2QBrFEh6Ndi3BSII7eL7pFxHMY60Unp542DlXN-J0v2V7gAhqdSmz24U-p-QD-HqnI6Vjf2sAyp_D7e6znaSNQjkgHIXMOtH7s4pUwfOy78l9ZCDOz_VKE

03.11.2023 Скопје

Алтернатива, Движењето Беса и Демократско движење на Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити неколку пати испратија порака до Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата и да ѝ се приклучат на опозицијата, предупредувајќи ги дека е извесно дека изборите в година ќе донесат промена на власта.

Поради целата таа ситуација, министерот за правда Кренар Лога од редовите на Алијанса на брифинг со новинарите им порача на трите партии сами да одат на свадба, потенцирајќи дека со секоја од трите партии како политичка партија имаат лошо искуство.

„Преку нас сакаат да го зголемат рејтингот и да освојат повеќе гласови од тоа што можат, а веќе сега му намигнуваат на мнозинството што ќе се формира по изборите“, истакна Лога.

На вчерашната собраниска седница со гласовите против на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не беше изгласана потребата од донесување на закон за амнестија, предлог на министерот Лога. Премиерот Димитар Ковачевски потоа на новинарско прашање рече дека тоа не треба да ја наруши владината коалиција бидејќи „секој пратеник има демократско право да гласа по свое убедување“.

За средбата со новинарите Алијанса за Албанците објави соопштение во кое меѓу другото се вели дека министрите Алиу, Лога и Меџити разговараа за досегашните проекти, плановите за наредниот период, како и за актуелните политички случувања во земјава.

Во соопштението се наведува дека министрите го имаат истакнато фактот дека во периодот додека Алијансата за Албанците е во Владата има докажано поинакво владеење, направи разлика на политичката сцена како и дека воспостави нови практики на транспарентност и инклузивност во работата на институциите.

Алијансата за Албанците ја одби понудата од здружената албанска опозиција за заеднички изборен настап.

Подготвено од М.Д.

About Author