nejmar

10.11.2023 Скопје

Како што пренесуваат арапските медиуми, Ал Хилал го суспендираше Нејмар за Бразилецот повеќе да не зазема место како странец во тимот.

Прописите дозволуваат клубовите да имаат најмногу осум играчи надвор од Саудиска Арабија, а Ал-Хилал веќе го достигна тој праг.

Со оглед на тоа што Нејмар ќе ја пропушти целата сезона поради тешка повреда, саудискиот гигант на неодредено време ја суспендираше регистрацијата на бразилскиот фудбалер додека не се опорави.

Ал Хилал планира да доведе нов странец на позицијата лев бек, а потоа кога Нејмар ќе може повторно да игра, ќе продадат еден играч за да му направат место во тимот.

Со прекинот на договорот, Ал-Хилал ќе мора да најде друг начин да ја исплати огромната плата на Бразилецот од 150 милиони евра годишно, плус 50 евра комерцијални бонуси.

За потсетување, Ал-Хилал летово за Нејмар на ПСЖ му плати 100 милиони евра, а неговиот договор со саудискиот клуб е до 30 јуни 2025 година.

Подготвено од М.Д.

About Author