microsoft

08.11.2023 Скопје

Акциите на технолошкиот гигант Мајкрософт достигнаа ново историски највисоко ниво од 360,53 долари по акција на затворањето на американската берза по осум последователни дена раст.

Акциите пораснале за 1,12 отсто за 24 часа, а пазарната вредност на Мајкрософт сега е околу 2,68 милијарди долари.

Компанијата Open AI, стратешкиот партнер за вештачка интелигенција на Мајкрософт, објави серија ажурирања на производи на конференцијата во Сан Франциско во понеделникот, како и планови да им овозможи на корисниците да градат свои верзии на Chat GPT chatbot.

На настанот беше присутен и извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, кој истакна дека програмерите кои развиваат апликации со помош на алатките Open AI можат брзо да влезат на пазарот преку инфраструктурата на облак платформата Microsoft Azure.

Мајкрософт инвестираше 13 милијарди долари во OpenAI и со тоа се здоби со ексклузивна лиценца за големиот јазичен модел GPT-4.

Подготвено од М.Д.

About Author