14.11.2023 Скопје
Во говорот на промовирањето на секретаријатите на чаирскиот огранок, Али Ахмети им порача на опозициските албански партии да не сонуваат дека ќе можат да ги победат ДУИ.
Артан Груби беше поздравен како премиер, а потоа Груби изјави дека „со Македонија владеат Албанците“.
Ахмети рече дека од основањето на партијата има обиди да згасне, но никому не му успеало. Тој го спомена и поранешниот премиер Зоран Заев за кого рече дека научил само еден албански збор, а тоа е „ДУИ во опозиција“, но и тоа му било џабе. Ахмети смета дека нема потреба од повеќе од две партии на Албанците, но не им се плаши на здружената опозиција која денеска формираше и пратеничка група.
Ахмети рече дека од основањето на партијата има обиди да згасне, но никому не му успеало. Тој го спомена и поранешниот премиер Зоран Заев за кого рече дека научил само еден албански збор, а тоа е „ДУИ во опозиција“, но и тоа му било џабе. Ахмети смета дека нема потреба од повеќе од две партии на Албанците, но не им се плаши на здружената опозиција која вчера формираше и пратеничка група.
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир Беким Незири на настанот упати „поздрав за премиерот Артан Груби“, а потоа Груби во говорот рече дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашат од Албанците што владеат со државата.
Подготвено од М.Д.