08.11.2023 Скопје
Од Агенцијата за храна во Република Северна Македонија информираат дека се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска.
Агенцијата за храна и ветеринарство како контакт-точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни, RASSF, до овој момент нема добиено известување дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалоци.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“, истакнуваат од оваа институција.
Подготвено од М.Д.