https://www.facebook.com/SarajevoAirport/photos/a.148212755308900/727033737426796

06.11.2023 Скопје

Од 1 октомври аеродромот во Сараево повеќе не работи 24 часа.

Директорот на аеродромот во Сараево, Алан Бајиќ изјави дека постои можност аеродромот да се отвори 24 часа на пролет, што ќе зависи од интересот на авиокомпаниите.

Врз основа на новите процедури и дозволи кои Аеродромот успеа да ги добие, тоа сега е можно и аеродромот може да биде отворен за 24-часовна работа во секое време.

Бајиќ ја демантираше најавата дека Ер Србија побарала да лета ноќни летови оваа зима и со тоа да го зголеми бројот на фреквенции на 10 неделно и дека тоа било одбиено.

Тој нагласува дека тоа не е точно и дека Ер Србија не побарала такво нешто, туку ќе продолжи со 7 неделни летови (дневно во 2. бран).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author