policija

27.11.2023 Скопје

Голем број училишта во Белгија утрово беа затворени по дојава за бомба, соопшти управата на валонско-бриселскиот регион.

Во соопштението се наведува дека училиштата во Брисел и во регионот Брабант се затворени откако синоќа биле добиени неколку пријави за бомби.

Во тек е претрес на 27 училишта кои беа затворени „по принцип на претпазливост“, а во текот на денот се очекуваат дополнителни најави.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author