rafah

02.11.2023 Скопје

Вкупно 12 хрватски државјани преминале од Појасот Газа во Египет, потврди Владата на Република Хрватска. Се очекува доаѓање на уште десетина.

Хрватскиот амбасадор во Египет, Томислав Бошњак, истакна дека првиот хрватски државјанин ја напуштил Газа, а се чека евакуација на уште 22.

Истото го потврди и Палестинецот Есама Елидио, хрватски државјанин во Египет, кој нетрпеливо ги чека сопругата и шесте деца да пристигнат од Газа.

„Во контакт сум со семејството, хрватски државјанин ја преминал границата и влегол во Египет, а дознав дека денеска треба да се евакуираат сите, едвај чекам да ги видам, не можев да одам до границата, но ги чекам на 60 километри од границата, во градот Еларис. Два автобуса со 200 луѓе пристигнаа во Египет од Газа“, рече Елидио.

„Хрватските државјани, од кои 23, кои поднеле барање за евакуација од опколената Газа, во четврток треба да ја преминат границата со Египет, а потоа да го продолжат патот кон Хрватска. Но додека не бидат безбедни, се е неизвесно“, изјави во средата вечерта амбасадорот во Египет, Томислав Бошњак.

Се надева дека се ќе биде како што е ветено, но гаранции нема.

Исто како и вчера, на преминот Рафа ќе биде објавен список од околу 500 лица на кои им е дозволено да преминат, што го состави Египет. Повеќе од 400 луѓе вчера успеаја да ја напуштат Газа. Египет, меѓутоа, не сака да прифаќа палестински бегалци поради стравот дека Израел нема да дозволи да се вратат во Газа по војната.

Не е познато колку долго ќе биде можна евакуација преку единствениот излез од Газа што не е контролиран од Израел, но се очекува покрај тешко ранетите од Појасот да го напуштат и стотици странци и Палестинци со двојно државјанство.

Подготвено од М.Д.

About Author