28.10.2023 Скопје
На 29 октомври завршува летното сметање на времето, во 3 часот, односно 2 часот по полноќ. Со поместување за еден час наназад в недела, времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот и со тоа ќе започне зимското сметање на времето.
Ова време е одбрано бидејќи е доволно доцна за повеќето од луѓето да бидат дома. Истовремено, доволно е рано за да влијае врз работните смени на луѓето што работат рано наутро.
Во овој период се, исто така, затворени и баровите и рестораните, па така тие не треба да работат дополнителен час поради промената на сметањето на времето.
Подготвено од А.Ѓ.