chinii

30.10.2023 Скопје

Опкружени сме со разни работи и предмети кои ги користиме секојдневно, а ретко кој се запрашал како настанале и зошто се такви.

Ист е случајот и со чиниите од кои јадеме буквално секој ден. И никој не се чуди зошто чиниите се навистина тркалезни, а не некоја друга форма. Одговорот е во историјата.

Пред да почнат да произведуваат керамика, луѓето правеле корпи кои биле заоблени за полесно да се ткаат. Следниот чекор беше да се премачкаат овие корпи со глина за да се зацврстат. Со текот на времето, плетенот беше испуштен.

Никој се уште не утврдил со прецизност како се запалила и изгорела првата корпа. Сепак, печена глина е пронајдена во една пештера во Кенија.

После тоа веројатно почнала да се развива керамиката, а најстарите докази потекнуваат од Месопотамија. Во исто време, предметите од керамика се исто така поврзани со цивилизациите на Маите и Инките.

Иако денес чиниите може да се најдат во сите облици, најзастапени се кружните. Затоа се најевтини бидејќи не им треба калап. Ваквите чинии се и најцврсти бидејќи квадратните се поподложни на пукање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author