Image by Freepik

07.10.2023 Скопје

Резултатите од истражувањето за состојбата на жените во 2023 година, спроведено од „HerMoney Media“ и „Principal Financial Group“, покажуваат дека 67 отсто од анкетираните жени имаат на располагање до 500 евра месечно за инвестиции и заштеди, 17,8 отсто можат да издвојат до 1.000 евра за гореспоменатото, додека 10,8 отсто можат да заштедат и инвестираат до 3.000 евра.

Каде има простор за подобрување?

Жените се помалку самоуверени од мажите кога станува збор за инвестирање и управување со пари.

Истражувањата покажаа дека родовиот јаз е сè уште присутен и многу реален во програмите за финансиска благосостојба на работното место.

Само 45 проценти од жените во споредба со 58 проценти од мажите изјавиле дека се чувствуваат сигурни во управувањето со пари – а само 22 проценти од жените чувствувале дека се запознаени со инвестирањето во споредба со речиси половина од мажите (46 проценти). Ова е точно дури и во ситуации кога жените и мажите штедат слични суми.

Жените се подобри од мажите кога станува збор за проактивно образование за пари.

Истражувањето исто така покажа дека во споредба со нивните машки колеги, жените користат поширок спектар на ресурси за да научат за инвестирање.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author