03.10.2023 Скопје
Членките на ЕУ повеќе не можат да испраќаат оружје во Киев од своите залихи без да ја загрозат сопствената безбедност.
„Не можеме да продолжиме да даваме од нашите сопствени залихи“, рече европскиот функционер, кој побара да остане анонимен.
Официјалниот претставник изјави дека се уште постои силна јавна и политичка поддршка за борбата на Украина, но дека земјите од ЕУ „веќе дале се што нема да ја загрози нивната безбедност“.
Неименуван американски функционер изјави дека европските резерви пресушуваат по 18 месеци интензивни борби од индустриски размери.
Пентагон има повеќе оружје да испрати во Украина, но дека им снемуваат пари за обнова на сопствените резерви.
Претставници на Пентагон објавија дека Министерството за одбрана на САД има уште 5,2 милијарди долари за воена поддршка на Украина, што е приближно еднакво на вредноста на оружјето што го има администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, испратени во Украина во последните шест месеци.
Подготвено од А.Ѓ.