gaza deca

25.10.2023 Скопје

Здравствениот систем во Газа е во целосен колапс, изјави палестинскиот министер за здравство Мај Салем ел Каила.

Тој рече дека Појасот Газа останал без лекови за рак, дијабетес и откажување на бубрезите.

„Здравствениот систем целосно пропадна. Лековите за рак, дијабетес и бубрежна инсуфициенција снемаа во Појасот Газа, а има и сериозен недостиг на медицинска опрема“, посочи Каила.

Каила нагласи дека во Појасот Газа има луѓе со изгореници кои укажуваат на употреба на оружје забрането со меѓународните конвенции и дека сите овие случаи се документирани за поднесување извештаи до меѓународните власти.

Подготвено од М.Д.

About Author