zaseda na meksikanskata policija

24.10.2023 Скопје

Најмалку 13 полицајци загинаа во заседа во јужниот дел на Мексико. Нападот се случил во државата Гереро, регион каде бандите се борат за контрола на трговијата со дрога.

Меѓу 13-те загинати полицајци е и шефот на локалната безбедност на градот Којука де Бенитез.

Пред да налетаат на заседата, полициските службеници биле испратени на терен поради дојави за наводни детонации на огнено оружје во тој дел.

Бројот на жртвите се уште не е официјално потврден, но државните власти соопштија дека ќе ја зголемат безбедноста во областа. Како што наведоа, тоа подразбира дополнително ангажирање на морнарицата и Националната гарда.

Областа Којука де Бенитез, западно од популарното одморалиште Акапулко, е позната по организираниот криминал.

Насилството во Гереро се зголеми во текот на изминатата деценија, бидејќи растечкиот број криминални банди се борат да ја контролираат профитабилната трговија со афион, како и други патишта за шверц.

Во првите девет месеци од годинава во земјава загинале речиси 1.100 лица, што е речиси четвртина повеќе од претходната година, покажуваат официјалните податоци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author