07.10.2023 Скопје
На веб-страницата на Советот за безбедност објавено е дека седницата на Советот за безбедност на ОН на која ќе се расправа за шестмесечниот извештај на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) е планирана за 18 октомври.
Во објавениот месечен работен план за 18 октомври, планирано е да се разгледа шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК.
Почетокот на седницата е планиран претпладне по локално време, односно попладне по средноевропско време.
Претходната седница се одржа на 27 април, а во меѓувреме имаше зголемување на тензиите во јужната српска покраина.
Претседавач на Советот за безбедност на ОН во текот на октомври е Бразил.
Подготвено од А.Ѓ.