konflikt izrael palestina

09.10.2023 Скопје

Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта цели им беа стотина локации во Појасот Газа каде се наоѓаат припадниците на Хамас и „Исламски џихад“ и дека борбените единици биле испратени на југ од таа територија.

„Борбени авиони, хеликоптери и артилерија гаѓаа повеќе од 500 локации каде што се наоѓаат членовите на Хамас и „Исламски џихад“, како и резиденцијата на висок функционер на исламистичката организација Рухи Машта, кој им помогна на милитантите да упаднат во Израел“, се наведува во соопштението.

Израелската армија додава дека борбите продолжуваат на седум или осум локации недалеку од Газа, два дена откако членовите на исламистичката група Хамас убија 700 Израелци и киднапираа десетици други.

Во соопштението се наведува дека членовите на Хамас се уште влегуваат во Израел од правец на Газа.

Болничките служби во Газа соопштија дека најмалку седум Палестинци биле убиени во два воздушни напади на израелските сили. Израелски авиони извршија десетици напади, главно врз градот Беит Ханун на северот од Појасот Газа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author