28.10.2023 Скопје
Во последните неколку часа сериозно ги засиливме нашите напади во Газа, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони погодиле 150 подземни цели во текот на ноќта и го убиле шефот на воздушните операции на Хамас.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека погодиле „терористички тунели и подземни борбени области за време на период на многу тешки воздушни напади на северот на Појасот Газа“.
Во својот говор, портпаролот на ИДФ рече дека армијата влегла во Газа, а во тек е копнена инвазија.
„Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите“, рече Хагари, додавајќи дека нема извештаи за повредени.
Тој истакна дека „ова е војна“, но дека ИДФ дејствувала контролирано и стратешко, со конкретни цели.
Подготвено од А.Ѓ.