27.10.2023 Скопје
Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври, во три часот, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.
Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено, но, според Срна, тоа се уште не се случило.
Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела од март, кога времето се поместува еден час нанапред.
Подготвено од А.Ѓ.