bebinja inkubator

23.10.2023 Скопје

Лекарите во Појасот Газа објавија дека поради недостиг на гориво поради блокадата, десетици предвремено родени бебиња во инкубатори се во непосредна животна опасност.

Светската здравствена организација процени дека 130 предвремено родени бебиња се изложени на „сериозен ризик“, а некои болници велат дека имаат само часови гориво за генераторите.

Најмалку седум од речиси 30 болници во Газа се затворени поради штети предизвикани од израелските напади и недостаток на струја и вода.

Лекарите во другите болници рекоа дека се на работ, додека Агенцијата на ОН за палестински бегалци во неделата соопшти дека има гориво за критичните потреби три дена.

Израел ја забрани испораката на гориво во Газа поради страв дека ќе заврши во рацете на милитантната палестинска група Хамас, која на 7 октомври почна да истрела ракети и изврши упад во јужен Израел.

Подготвено од Д.Ц.

About Author