12.10.2023 Скопје
Криминалците се фатени по опсежна истрага на локалната полиција, а 19 лица се уапсени под сомнение за криминални активности како трговија со дрога и оружје и перење пари преку лажни фирми.
Во Франција се уапсени 13 лица и уште шест во Монако минатиот вторник во рамки на голема полициска акција. Оттаму наведуваат дека истрагата ја има спроведено Националната управа за борба против организиран криминал.
Од Националната управа за борба против организиран криминал наведуваат дека при претресот полицијата има запленето два пиштола, нешто повеќе од 19.000 евра во готовина, часовници, луксузни предмети и блиндирано „ауди А8“.
Благодарение на апликацијата Скај ЕЦЦ се фатени криминалците. Инспекторите ги снимиле нивните разговори и откриле криминална мрежа воспоставена на југоистокот на Франција. Тие увезувале огромни количества дрога за францускиот и европскиот пазар. Тие размениле пораки во периодот од февруари 2020 година до февруари 2021 година, а врз основа на тие пораки бил идентификуван водачот на групата, кој има српско потекло.
11-те, вклучително и неодамна пензионираниот полицаец кој работел за правосудната полиција на Монако, беа изведени пред истражен судија во понеделникот вечерта и беа обвинети за повеќе точки.
На деветмина осомничени им е одреден притвор. Оваа банда, чии членови се и државјани на Србија, се занимавала и со трговија на оружје.
Локалните медиуми пишуваат дека меѓу другото продавале митралези и автомати, како и дека водач на мафијата е Србинот Бранимир В., познат по прекарот Брацо. Исто така, се наведува дека во Франција, Брацо е познат како моќен претприемач и сопственик на голем број многу луксузни имоти, но и на агенција за недвижности.
Подготвено од Д.Ц.