31.10.2023 Скопје
Два нови минерали од ретки земји (REE) се пронајдени за прв пат во Финска, што може да биде поттик за снабдувањето на Европа со критични минерали неопходни за енергетската транзиција.
Компанијата Финис Минералс Груп објави дека Геолошкиот завод на Финска за прв пат идентификувал два нови минерали, кукаренкоит и кордилит, од наоѓалиштето Сокли.
„Според резултатите од нашата студија, Сокли може да произведе најмалку 10 отсто од количината на РЕЕ што е потребна годишно во Европа за производство на постојани магнети“, се додава во соопштението на компанијата.
Експертот на Finis Minerals Group, Паси Хеино, рече дека деловните можности поврзани со REE растат и дека производството на постојани магнети е од клучно значење за зелената транзиција.
Подготвено од А.Ѓ.