20.10.2023 Скопје
Славиша Ѓорѓевиќ, голем љубител на морето и познавач на суштествата што живеат во него, пред неколку дена на 15 метри од брегот видел медитеранска фока од крзно. Тие се сретнале во Лепетани, недалеку од Тиват, кога Ѓорѓевиќ бил на риболов.
„Околу 18:00 часот нешто излезе од водата. Прво помислив дека е нуркач во костум, бидејќи имаше широк грб. Но, по неколку секунди, глава на крзнена фока, со големина на фудбал топка, излезе од водата. Испушти воздух, што се слушна јасно. Детално ја видов главата – очи, уста, мустаќи“, рече Ѓорѓевиќ, кој процени дека животното на кое наишол е долго околу два метри.
Медитеранската фока беше видена пред три месеци во водите на Улцињ, кога за прв пат по 50 години беше снимена во водите на соседната земја.
„Во последните дваесет години се вложија многу пари и напор во закрепнувањето на населението. Она што го гледаме сега најверојатно може да се припише на фактот дека населението сега достигна околу 700 единки. Од областа каде живееле до сега, што најмногу било во водите на Грција и Турција, дел од нив се одвојуваат и ги освојуваат живеалиштата каде што некогаш живееле. Во овој дел на Медитеранот порано тоа било вообичаена глетка“, вели Душан Варда, претседател на Медитеранскиот центар за еколошки мониторинг.
Иако популацијата се зголемува, сепак овие животни се загрозени, па експертите ги предупредуваат сите оние кои ќе ги видат да не им пречат. Најдобро е да ги снимате од далечина и да ги известите експертите каде е видена.
Подготвено од А.Ѓ.