30.10.2023 Скопје
Кучиња на јавни површини без поводник, опасни раси без корпа, кучешки измет по тротоарите и парковите, е слика што може да се забележи низ улиците во Белград. Затоа се разгледува можноста за воведување данок на домашни миленици.
На крајот на краиштата, некој чисти по неодговорните сопственици во Белград, а тоа е еколошката патрола која ги обиколува јавните површини и ги чисти. За овој проблем во главниот град зборуваше Радослав Маријановиќ, претставник на општина Стари Град и истакна дека откако е воведена екопатрола пред околу две години, се забележува тренд на зголемување на отпадот.
„Тоа можеме да го препишеме на две работи, првата работа е што веројатно е зголемен бројот на домашни миленици и второ, веројатно има одреден број на граѓани кои знаат дека сега има еко-патрола и потоа не сакаат да исчистат по своите миленици. Еден од плановите за во иднина е да почнеме да ги казнуваме неодговорните сопственици на кучиња и сигурен сум дека сите ќе го поддржат тоа. Исто така, во текот на следната година ќе воведеме дополнителни машини кои ќе се најдат на улиците на Стар град. За сето ова да има смисла треба да се направи превенција. Работиме заедно да ја подигнеме свеста сите граѓани кои имаат домашни миленици да се однесуваат одговорно и да се грижат за улиците во градот“, вели Маријановиќ.
Подготвено од А.Ѓ.