Image by Freepik

02.10.2023 Скопје

По сличната одлука на Шведка која беше донесена минатата година, во Англија вчера стапи на сила забраната за пластични чинии и прибор за јадење за еднократна употреба и одредени видови полистиренски чаши.

Забраната вклучува и пластични послужавници за еднократна употреба, чинии и стапчиња за балони, а владата изјави дека целта е намалување на загадувањето со пластика.

Според проценките, во Англија се користат 2.7 милијарди парчиња прибор за еднократна употреба, од кои повеќето се пластични и 721 милиони чинии, но само 10% се рециклираат.

Дополнително, еден човек просечно користи 37 парчиња прибор за една употреба и 18 пластични чинии за една употреба секоја година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author