17.10.2023 Скопје
Версајската палата, една од најпосетуваните туристички атракции во Франција, беше евакуирана од безбедносни причини.
Ова е втор пат за четири дена палатата да мора да се затвори, а Франција е во состојба на готовност поради стравувањата од напад по фаталното прободување со нож на учител во училиштето.
На сметката на поранешната кралска палата на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, се вели: „Од безбедносни причини, Версајскиот дворец ги евакуира посетителите и ги затвора вратите денес, вторник, 17 октомври. Ви благодариме за разбирањето“.
Палатата, како и музејот Лувр во Париз, исто така беа евакуирани од посетители и персонал во саботата по заканите за бомби, соопшти полицијата.
Франција го подигна нивото на тревога за тероризам по нападот врз училиште во северниот град Арас минатиот петок од страна на осомничен исламски екстремист.
Во соопштението немаше други детали.
Подготвено од А.Ѓ.