03.10.2023 Скопје
Агенцијата за надзор на пазарот на Босна и Херцеговина објави дека три модели на детски велосипеди се повлечени од пазарот во БиХ бидејќи претставуваат ризик од повреда.
Станува збор за велосипеди „Bad Boy Salcano“ со потекло од Турција, чиј баркод е 8699957228913 и кинески „Forever“ модел „DJ-0672“ и „Robi“ модел „D003-16“.
На потрошувачите кои ги поседуваат им се препорачува да престанат да ги користат и да ги вратат кај увозникот или продавачот од каде што се купени.
Велосипедот од Турција е отповикан бидејќи не е опремен со најмалку два независно активирани системи за сопирање, а држачите на рачката не ги исполнуваат барањата пропишани во стандардот.
Во случај на велосипеди „Forever“ со баркод 3870373006728 и „Роби“ чиј баркод е 4102020003445, барањата пропишани во стандардот не ги исполнуваат држачите на рачките, заштитата на синџирот, како и седиштето.
Со сите три велосипеди барањата во однос на упатството за употреба и етикетирање не се во согласност со стандардот, наведува Агенцијата, додавајќи дека овие производи не ги исполнуваат безбедносните барања пропишани во стандардот БАС ЕН ИСО 8098:2015.
Надлежната инспекција нареди повлекување на производот од промет, враќање од потрошувачите, уништување и информирање од јавен карактер, информираат од Агенцијата.
Подготвено од А.Ѓ.