vojna

10.10.2023 Скопје

Агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, соопшти дека повеќе од 187.000 луѓе се раселени низ Појасот Газа, а се очекува тој број да се зголеми.

Агенцијата наведува дека во нејзините засолништа во Газа има повеќе од 137.000 луѓе, кои нашле засолниште поради израелските удари кои уследија по нападот на Хамас врз Израел.

Се вели дека едно училиште на ОН во кое се сместени раселените семејства е „директно погодено“, но не даде дополнителни детали.

Не е познато колку луѓе имало во засолништето во моментот на нападот.

УНРВА, исто така, објави дека е принудена да ги затвори сите 14 центри за дистрибуција на храна и дека како резултат на тоа половина милион луѓе престанале да добиваат помош во храна.

Израел започна одмазднички напади врз Појасот Газа по ненадејниот напад на палестинската милитантна група Хамас во саботата наутро, а Израел нареди „целосна опсада“ на Газа во понеделникот.

Во судирите досега загинаа повеќе од 1.600 луѓе од двете страни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author